Промената на навиките е една од најтешките работи за луѓето - За „Сејф Сити“ од психолошки аспект
Актуелно

Промената на навиките е една од најтешките работи за луѓето - За „Сејф Сити“ од психолошки аспект

05. 12. 2025.

„Сејф Сити“ системот и натаму ги дели Македонците - некои го прифаат и оставаат со тек на време сите да се навикнат, други уште официјално непочнат го критикуваат проектот од кој се очекува да донесе ред во сообраќајот и поголема безбедност.

Од Центарот за невропсихологија, психотерапија и за психодијагностика Когниција со стручен став - Зошто на луѓето им е тешко да прифатат правила, особено кога станува збор за ограничувања во сообраќај, казни или иницијативи како safe city?

- Многу луѓе ги доживуваат правилата како директно мешање во нивната слобода, па така ограничувањето на брзината или камери за сообраќај често се чувствуваат како контрола, а не како мерка за безбедност.

Од друга страна недовербата во институциите придонесува на правилата да се гледа како на начин за „полнeње буџет“, неправедни, селективно применувани...

Во средини каде што долго време било „нормално“ да се паркира каде што има место, да се вози брзо, да се минува на жолто..., секое ново правило се доживува како напад на стил на живот. Промената на навиките е една од најтешките работи за луѓето.

Ако недоволно се комуницира зошто правилата постојат, зошто нешто се воведува, луѓето природно го одбиваат.

Во Македонија дополнителен проблем претставува живеењето култура на „ќе завршам работа на мој начин“. Имаме ниска перцепција дека правилата важат еднакво за сите, а во исто време висока толеранција на „снаоѓање“, што создава паралелни социјални норми, се наведува во нивниот споделен став. 

Извор: skopjeinfo.mk