Македонија со нов демографски аларм: Речиси 5.000 првачиња помалку од лани
Актуелно

Македонија со нов демографски аларм: Речиси 5.000 првачиња помалку од лани

07. 08. 2026.

Новата учебна година ќе започне со значително помала генерација првачиња. Првичните податоци покажуваат дека годинава има околу 4.900 помалку запишани деца во прво одделение во споредба со минатата година.

Иако уписите сè уште не се завршени, Министерството за образование очекува разликата до почетокот на учебната година да се намали, но сепак да остане на најмалку 3.000 првачиња помалку.

Министерката за образование Весна Јаневска предупреди дека станува збор за сериозен демографски пад и дека сличен тренд се очекува и следната година.

Демографските промени веќе се чувствуваат и во училишната мрежа. Според податоците на МОН, во последните две децении бројот на ученици во основното образование е намален за 28 проценти, а минатата учебна година во 147 подрачни училишта не било запишано ниту едно дете.

Конечниот број на првачиња за учебната 2026/2027 година ќе биде познат по завршувањето на уписите.