Од 3,20 до 15,61 евра: Драстично поскапе пивото на Октоберфест
Актуелно

Од 3,20 до 15,61 евра: Драстично поскапе пивото на Октоберфест

17. 09. 2026.

Посетителите на Октоберфест годинава ќе плаќаат рекордно висока цена за пивото. Просечната цена на литар ќе изнесува 15,61 евра, што е речиси петпати повеќе од цената во 1985 година.

Тогаш литар пиво чинел просечно 3,20 евра, што значи дека цената во меѓувреме пораснала за околу 400 отсто. За споредба, потрошувачките цени во Германија во истиот период се зголемиле за околу 120 отсто.

Во однос на минатата година, пивото годинава е поскапо за 2,4 отсто, што е нешто помалку од очекуваната инфлација во Германија од околу 3 отсто.

Економистот Андреас Рис од „УниКредит“ смета дека растот на цените можеби се приближува до врвот, бидејќи повисоките цени може да влијаат врз побарувачката.

Октоберфест започнува в сабота во Минхен и ќе трае до 4 октомври. Се очекуваат милиони посетители од целиот свет, а пивото традиционално се служи во еднолитарски кригли.