Во Македонија, темата засега се отвора како дебата, а не како конкретна мерка. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека евентуална забрана би била премногу радикален чекор и би можела да значи мешање во основните слободи.
Наместо рестрикции, фокусот се става на едукација, превенција и дигитална писменост. По повод Меѓународниот ден на побезбеден интернет, беа организирани активности насочени кон подигање на свеста кај учениците за одговорно и безбедно користење на интернетот.
Преку проектот МКСафеНет, досега се опфатени над 70 училишта низ државата. На родителите и наставниците им се обезбедуваат алатки и упатства за поголема контрола и заштита на децата во онлајн просторот, со акцент на препознавање на ризици, сајбер-насилство и заштита на лични податоци.
Дискусијата околу евентуални ограничувања останува отворена, но засега приоритет е зајакнување на дигиталната култура и одговорното користење на технологијата, наместо директни забрани.
