Македонија и Албанија на врвот во Европа по неможност за загревање на домовите
Актуелно

Македонија и Албанија на врвот во Европа по неможност за загревање на домовите

17. 01. 2026.

Дури 30,6 проценти од Македонците не можат да си дозволат топли домови

Најновите податоци на Евростат покажуваат дека Македонија и Албанија се меѓу земјите со најголем процент граѓани кои не можат соодветно да ги загреат своите домови во зимскиот период.

Според објавената мапа, Албанија е на првото место со 33,8 проценти од домаќинствата кои не можат да си дозволат греење, додека СМакедонија е веднаш зад неа со 30,6 проценти. Тоа значи дека речиси секој трет граѓанин во овие две земји живее во студен дом во текот на зимата.

„Тивката криза во Европа не се цените на бензинот – тоа се студените домови“, се наведува во анализата што ја придружува објавата на податоците.

Податоците на Евростат повторно ја отвораат темата за енергетската сиромаштија, растечките трошоци за живот и недоволната заштита на најранливите категории граѓани во дел од европските земји.