Дигиталните верзии на документите засега не се признаваат при полициско легитимирање, бидејќи за нивна официјална употреба се потребни измени во законската регулатива.
Ова за СДК.мк го потврдил министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој посочил дека веќе се работи на потребните законски измени и правилници.
Сè додека тие не стапат во сила, граѓаните ќе мора да ги носат физичките документи, без оглед на тоа што ги имаат достапни и на својот мобилен телефон.
Што овозможува апликацијата „м.Услуги“?
Новата мобилна апликација, која беше официјално претставена на 29 октомври, овозможува пристап до дигитални документи, јавни услуги и известувања од институциите.
Нејзиното користење е бесплатно и доброволно, а во иднина се планира воведување дополнителни функционалности, меѓу кои и електронски плаќања.
Засега нема прецизен датум кога дигиталната лична карта и возачката дозвола ќе можат целосно да ги заменат физичките документи при полициска контрола.
