Илинден носи продолжен викенд на почетокот на август
Актуелно

Илинден носи продолжен викенд на почетокот на август

14. 07. 2026.

Граѓаните годинава ќе имаат продолжен викенд по повод големиот државен празник Илинден – Денот на Републиката.

Бидејќи 2 Август се паѓа во недела, согласно Законот за празници, понеделник, 3 август, ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија. Со тоа, вработените ќе имаат три последователни слободни денови – сабота, недела и понеделник, што за многумина ќе биде можност за краток одмор или патување.

Илинден е еден од најзначајните државни празници, со кој се одбележуваат Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, два историски настани кои имаат посебно место во македонската историја.

За православните верници следен неработен ден ќе биде 28 август (петок) кога се слави Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Извор: skopjeinfo.mk