ЈСП Скопје вработува 30 возачи – Основна нето плата од 40.085 денари
Издвоени огласи

ЈСП Скопје вработува 30 возачи – Основна нето плата од 40.085 денари

29. 07. 2026.

ЈСП Скопје вработува 30 возачи на автобус во јавен превоз

Огласот е за 30 извршители, а кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено средно образование (IV степен);
  • Возачка дозвола Д категорија;
  • Најмалку 2 години работно искуство;
  • Флексибилност за работа во смени;
  • Професионален однос кон работата;
  • Да немаат правосилна судска пресуда со која им е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • Да поседуваат општа здравствена способност за работното место.

Работни услови

  • Работно време од 40 часа неделно;
  • Работа организирана во три или четири смени, во зависност од возниот ред;
  • Пауза согласно распоредот на линијата;
  • Право на бенефициран работен стаж;
  • Основна нето плата од 40.085 денари.

Потребна документација

За пријавување потребно е да се достават:

  • Диплома за завршено образование;
  • Копија од возачка дозвола од Д категорија;
  • Доказ дека не е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност со правосилна судска пресуда;
  • Доказ за општа здравствена способност за работното место.

Заинтересираните кандидати својата професионална биографија (CV) и потребната документација можат да ги достават во Архивата на ЈСП Скопје.