Ќе има ли нови работни места? Зоните стабилни, во тек преговори со странски инвеститори
Актуелно

Ќе има ли нови работни места? Зоните стабилни, во тек преговори со странски инвеститори

02. 05. 2026.

Се подготвува нов модел за привлекување инвеститори

 

Освен компаниите DURA Automotive и Aptiv, засега нема нови најави за повлекување на компании од технолошко-индустриските развојни зони во земјава.

Според директорот на ТИРЗ, состојбата во зоните останува стабилна, без намалување на нарачките и бројот на вработени, а во првиот квартал е забележан и раст на извозот.

Паралелно, се подготвува и нов концепт за привлекување странски инвестиции, при што наместо стандарден пристап, поддршката ќе се креира според потребите на секој инвеститор поединечно.

Од ТИРЗ најавуваат дека во завршна фаза се разговори со неколку странски компании, од кои се очекуваат нови инвестициски одлуки во наредниот период.

За пазарот на труд, ова значи потенцијал за нови производствени капацитети, нови работни места и дополнителна побарувачка за квалификуван кадар.