На настанот, 11-ти пат по ред беше доделена наградата за HR-Менаџер на годината, додека пак, наградите за Млад HR-ентузијаст и Најпопуларна HR-Практика беа доделени по шести пат.
Присутните на настанот за Најпопуларна HR-Практика za 2024 ја избраа „РЕсет - РЕцепт за добросостојба“ на Реплек АД Скопје.
Наградата за Млад HR-ентузијаст за 2024 година, согласно одлуката на стручната комисија, оваа година беше доделена на две прекрасни млади индивидуи – Даниел Смиљков и Емилија Стојановска.
Наградата за HR-менаџер на Годината беше доделена на Ана Умерова, за одличните успеси во 2024 година.
За време на настанот, со своето присуство го збогатија претставниците на Ротари клубот Кочани-Виница, кои пред присутните ги презентираа можностите за вклучување на HR-заедницата во поддршка на семејствата на починатите и повредените од трагедијата во Кочани.
Би сакале да ја искористиме оваа прилика да ја искажеме нашата благодарност до Комисијата за професионалниот пристап и работа, благодарност до подржувачите на настанот, а секако, благодарност и до пријателите, соработниците, членовите на МАЧР и припадниците на HR-заедницата во Македонија за одличната вечер и преполната сала во Public Room.
Воедно, би сакале да им честитаме на сите добитници на наградите, но и на сите номинирани кандидати и практики/компании кои учествуваа во овогодинешниот конкурс за доделување на HR-награди за 2024... Со секој успешно реализиран настан во насока на промоција на HR-професијата, ние сме се поблиску кон остварување на нашата визија – Развојот на Луѓето и Организациите!
