Според него, обилните врнежи ќе продолжат во текот на целиот денешен ден (петок, 17 мај) и ќе се задржат сè до ноќните часови. На повеќе локации се очекуваат над 20 до 30 литри дожд на метар квадратен, локално и над 40 литри, вклучително и во Скопје и околината.
Во исто време, од север и североисток навлегува поладен воздушен бран, кој ќе донесе температури значително пониски од просекот за овој период од мај. Поради ниските температури, на планините над 1.400 – 1.500 метри надморска височина, особено во западните и северозападните делови, ќе има врнежи од снег и формирање на снежна покривка, на места и со над 10 сантиметри.
Попоски предупредува и на можност од пораст на нивоата на реките и езерата, како и локални поплавувања. Тој апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при движење покрај водотеците и реките.
