Веќе се достапни билетите за Стокхолм, Мадрид, Прага, Бари и Ларнака, велат од „Виз ер“
Актуелно

Веќе се достапни билетите за Стокхолм, Мадрид, Прага, Бари и Ларнака, велат од „Виз ер“

31. 07. 2025.

„Виз ер“ информира дека директните линии од Меѓународниот аеродром Скопје до Стокхолм, Мадрид, Прага, Бари и Ларнака се веќе достапни за резервација на wizzair.com и преку мобилната апликација Wizz, со цени што започнуваат од само 969 денари (во еден правец, со вклучени сите задолжителни такси и една рачна торба).

Од компанијата информираат дека додаваат шести авиони во својата база во Скопје, а целата флота ќе биде надградена со најсовремени авиони Airbus A321neo до крајот на оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Од ноември „ВИЗЕР“ ќе лета од Скопје до Мадрид и Стокхолм, од декември до Прага, Бари и повторно до Келн

Овие промени ќе го зголемат капацитетот на авиокомпанијата за 60%, дополнително зацврстувајќи ја нејзината позиција како пазарен лидер во Македонија.

Целиот текст прочитајте го на: emagazin.mk