Зголемен бројот на туристи во Македонија: Од која земја доаѓаат најмногу посетители?
Актуелно

Зголемен бројот на туристи во Македонија: Од која земја доаѓаат најмногу посетители?

15. 10. 2026.

Бројот на туристи во Македонија во периодот јануари – август 2026 година е зголемен за 3% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на домашни туристи пораснал за 2,8%, а на странски за 3,2%. Раст од 3,7% е забележан и кај вкупниот број ноќевања.

Само во август земјава ја посетиле 244.513 туристи, кои оствариле 934.042 ноќевања. Меѓу странските посетители најбројни биле туристите од Турција, Србија, Романија и Германија.