До вторник времето ќе биде претежно стабилно, со сончеви периоди и умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува во делови од котлината. Во понеделник и вторник се очекува слична состојба — сончево со умерена облачност и северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Од среда следува дестабилизација на атмосферата и период на променливо облачно време со услови за повремени локални врнежи од дожд. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од северен правец.
