– Лицата ангажирани согласно со овој Закон нема да ги загубат веќе стекнатите права, како социјална помош, надоместок поради невработеност, семејна или старосна пензија, стипендија или право на редовни студии. Во оваа законска категорија граѓани спаѓаат: пензионерите; студентите; сезонските работници, особено оние ангажирани во земјоделството, овоштарството, угостителството и сервисните дејности, како и невработените, но и вработените; лицата помлади од 18 години што ги исполнуваат условите за работа, како и странците со регулиран престој – изјави пратеникот Бојан Стојановски, по изгласувањето на Законот.
