Електричните летала "Midnight eVTOL" на компанијата "Archer' можат да превезуваат до четворица патници, и се очекува да бидат користени за превоз на ВИП гости, навивачи и партнери од локации за полетување и слетување во близина на клучните олимписки места. Покрај тоа, ќе бидат вклучени и во поддршка на итни служби и безбедносни операции.
„Сакаме да го трансформираме начинот на кој луѓето се движат низ Лос Анџелес и да оставиме наследство што ќе ја обликува иднината на транспортот во Америка“, изјави Адам Голдстин, извршен директор и основач на "Archer Aviation".

„Нема подобар момент за тоа од Олимписките игри LA28“, додава тој.
Се очекува Лос Анџелес – град познат по своите сообраќајни метежи – да пречека повеќе од 15 милиони посетители за време на Игрите, при што настаните ќе бидат распоредени низ целиот град.

„Нашата визија е суштински да го редефинираме искуството на Олимписките и Параолимписките игри, а ова партнерство претставува неверојатна можност да се испорача нешто невидено досега, претставувајќи го најдоброто од тоа што Лос Анџелес може да го понуди пред светот – изјави претседателот на „LA28“, Кејси Васерман.
