Иако првичниот впечаток не бил посебен, центарот на градот, Плоштадот Македонија, Камениот мост и Старата чаршија целосно го воодушевиле. Тој го издвојува Скопје пред градови како Рим и Варшава.
Варжеча ги пофали ниските цени, можноста градот лесно да се прошета пеш, безбедноста и гостопримливоста на луѓето. Посебен впечаток му оставиле македонската скара, ајварот, тавче-гравчето и атмосферата во ресторанот „Скопски мерак“.
Тој и неговата партнерка Каро од 2023 година патуваат со полно работно време, а од крајот на 2025 година живеат и патуваат низ Европа со комбе.
