Од полицијата појаснуваат дека видеата од камерите ќе се чуваат 30 дена, но материјалите кои ќе покажуваат прекршоци ќе бидат зачувани до целосно завршување на постапката за сторениот прекршок, односно додека возачот не ја плати казната, или додека судот не му ја одземе возачката дозвола поради покрупен прекршок.
МВР и дефицинитивно ќе воведе праг на толеранција, но засега без детали. Во тест периодот надлежните мора да ја провери неговата прецизност, калибрацијата и целокупниот процес од детекција до документација.
- За редовната примена е предвидено да се донесе решение според европските стандарди и практики и се очекува тогаш да се утврди и прагот на толеранција кој ќе биде во интерес на граѓаните, вели портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.
Во меѓувреме, извори од Собранието за Сител велат дека денеска ќе биде испратен пакетот закони кои мора да бидат променети за Safe City да може ја врши својата функција.
Станува збор за пакет од пет закони, од кои за измените во Законот за прекршоци потребно е двотретинско мнозинство.
Системот во моментот регистрира три видови на прекршоци – брзо возење, поминување на црвено и истечени сообраќајни. Кога системот ќе почне да казнува ќе биде додадено и непрописното запирање и паркирање. Најавите од МВР се дека Системот Safe City во иднина ќе продолжи да еволуира, односно да регистрира поголем број на прекршоци, но и од Безбеден Град – да стане Безбедна држава. Сепак засега нема детали што се ќе следат камерите за автоматска регистрација на регистарски таблички.
