Македонија е под европскиот просек, со просечен работен век од 31,8 години.
Од земјите во регионот, Србија има просечен работен век од 35,5 години, додека во Хрватска тој изнесува 35,1 година.
Најблиску до просекот на Европската Унија е Словенија, каде граѓаните во просек работат 37,2 години.
Во групата земји со просечен работен век околу 35 години се и Белгија со 35,7 години, Грција со 35,3 години и Полска со 35,9 години.
За Босна и Херцеговина и Црна Гора нема достапни податоци во анализата на Евростат.
Разликите меѓу земјите се поврзуваат со повеќе фактори – возраста на влегување на пазарот на труд, стапката на вработеност кај младите и повозрасните, можностите за продолжување на работниот век, но и економските услови на пазарот на труд.
Податоците покажуваат дека Македонија има значително пократок просечен работен век во споредба со европскиот просек – разлика од речиси шест години.
