Најголем удар претрпе националната авио-компанија „Туркиш ерлајнс“. Портпаролот Јахја Устун соопшти дека за 31 декември се откажани 61 лет, најмногу на релации кон централните и источните делови на земјата. Тој нагласи дека одлуките се донесени исклучиво поради безбедноста на патниците.
Метеоролозите предупредуваат на продолжени врнежи и заладување, а властите апелираат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да бидат внимателни на патиштата.
