Функцијата, која е во тест-фаза, досега е искористена повеќе од еден милион пати, а во одредени случаи содржината пријавена како несакан AI-содржај имала и до 40 отсто помалку прегледи.
Компанијата не открива како точно пријавите влијаат врз алгоритмот и досегот на објавите, но потврдува дека користи повеќе сигнали за да одлучи која содржина ќе се прикажува на корисниците. Воведени се и мерки за спречување злоупотреба на функцијата.
LinkedIn дополнително ќе ги известува корисниците доколку нивна објава биде пријавена како сомнителен AI-спам.
Платформата не ја забранува употребата на вештачка интелигенција, туку сака да го ограничи масовното објавување на генерички и неквалитетни содржини кои го преплавуваат фидот.
