Денес завршува грејната сезона, се стартува со преоден период кој ќе трае до 30 април
Актуелно

15.4.2025

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона завршува на 15 април 2025 година и стартува т.н преоден период кој трае до 30 април, информираа од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

„Од утре па се до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1º C“,  потенцираат од РКЕ.

Извор: skopjeinfo.mk