Викендот носи обилни врнежи и заладување: На планините се очекуваат до 20 сантиметри снег
Актуелно

Викендот носи обилни врнежи и заладување: На планините се очекуваат до 20 сантиметри снег

27. 11. 2026.

Македонија ја очекува студен и врнежлив викенд, со обилни врнежи од дожд, снег на повисоките места и формирање нова снежна покривка на планините.

Под влијание на студена воздушна маса од север, температурите ќе се намалат, а врнежите од дожд на дел од повисоките места ќе преминат во снег.

Во сабота се очекуваат пообилни врнежи, при што локално ќе наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар за 24 часа.

На планините снежната покривка може да достигне до 20 сантиметри, додека на повисоките места се очекуваат од 2 до 10 сантиметри снег.

Во недела ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд и снег, кои постепено ќе престануваат кон крајот на денот.

Во Скопје врнежите од дожд се очекува да започнат во вечерните часови, а во текот на викендот на повисоките делови од Скопската Котлина дождот може да премине во снег.

Од понеделник се очекува стабилизирање на временските услови, но студеното време ќе продолжи, со утрински температури под нулата на одделни места.