Дополнително, секој корисник ќе добие и упатство за правилно читање на броилото, со цел полесно да ја следи сопствената потрошувачка и да ја провери точноста на фактурираните количини.
Во однос на цената на електричната енергија, таа засега останува стабилна. Државната компанија ЕСМ ја понуди струјата за универзалниот снабдувач по цена од 62 евра за мегават час. Сепак, за во есен се најавува нова анализа, која може да донесе промени, особено ако се намали обемот на државната поддршка. Со најавите за транзиција според Планот за раст на ЕУ, ЕСМ би можела да ја намали испораката кон ЕВН од досегашните 85% на 70%, што би можело да влијае врз формирањето на идните цени.
Надлежните потенцираат дека воведените мерки ќе придонесат кон зголемена транспарентност, а домаќинствата ќе добијат подобар увид во потрошувачката и полесно ќе можат да ги планираат своите месечни трошоци.
Извор: bulevar.mk
