Употребата значително варира меѓу земјите. Најголем удел на корисници е забележан во Данска (48,4%), Естонија (46,6%) и Малта (46,5%), каде што речиси половина од населението користи генеративна вештачка интелигенција, што е исклучително интересно и ни кажува многу за ИТ писменоста на овие земји. Најнизок удел има во Романија (17,8%), Италија (19,9%) и Бугарија (22,5%).
Според Евростат, во 2025 година, алатките за генеративна вештачка интелигенција ги користеле 22,03 отсто од Македонците на возраст од 16 до 74 години. Од нив 15,76 отсто ги користеле за приватни цели, 8,55 за работа, додека 4,21 проценти во формалното образование.
Генеративната вештачка интелигенција дефинитивно влезе во секојдневниот живот, но не се „вкоренила“ насекаде подеднакво.
Разликите честопати ја следат пошироката слика за дигиталните навики, достапноста на алатки на локалните јазици, правилата на работа (што е дозволено да се користи) и колку луѓе воопшто треба да користат такви алатки во училиште, во канцеларија или приватно.

