Limak Skopje Luxury Hotel прогласен за најдобар сместувачки капацитет за 2026
Актуелно

Limak Skopje Luxury Hotel прогласен за најдобар сместувачки капацитет за 2026

08. 10. 2026.

Limak Skopje Luxury Hotel е прогласен за „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“, признание што го доделува Министерството за култура и туризам во рамки на манифестацијата „Најдобрите во 2026 година“.

Наградата му беше врачена на хотелот на свеченост во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, по повод Светскиот ден на туризмот. Признанието се доделува за придонес кон унапредувањето на туристичката понуда и квалитетот на услугите во туризмот.

Од хотелот велат дека наградата е потврда за квалитетот на услугата, професионалноста на тимот и вниманието кон гостите.

Limak Skopje Luxury Hotel годинава го доби и Traveller Review Award, а според хотелот е меѓу највисоко оценетите хотели на Booking.com, особено по локацијата, удобноста, чистотата и професионалноста на персоналот.

Хотелот располага со 146 соби, ресторан, лоби и скај бар, спа и фитнес центар, како и простори за конференции и различни настани.

 

Сите активни огласи од Лимак разгледајте ги ТУКА!