Велика Британија ќе се бори со корона вирусот така што ќе зарази што повеќе млади луѓе

Велика Британија ќе се бори со корона вирусот така што ќе зарази што повеќе млади луѓе

19. 03. 2020.

Во суштина, идејата на британскиот план е во што пократок период што повеќе млади луѓе да зарази со корона вирусот и така да се стекне „имунитетот на стадото

Имунитетот на стадото(herd immunity) е термин од имунологијата кој често се користи кај правењето вакцини и вакцинирањето. Додека членките на Европската унија водат борба против корона вирусот применувајќи мерки како масовно тестирање, следење на контактите со заразените, формирање карантин, затворање градински и училишта, Велика Британија размислува за друга стратегија.

Во суштина, идејата на британскиот план е во што пократок период што повеќе млади луѓе да зарази со корона вирусот и така да се стекне „имунитетот на стадото“.

Имунитетот на стадото е термин од имунологијата кој често се користи кај правењето на вакцини и вакцинирањето. На пример, кога вакцинацијата против некоја болест е околу 95% се вели дека е постигнат имунитет на стадото затоа што тие вакцинирани деца не ја пренесуваат болеста и со тоа ги штитат оние кои од здравствени причини не можат да се вакцинираат.

За во случај на корона вирусот да се постигне имунитет на стадото околу 60% од жителите треба да се разболат и да станат умуни, велат од Велика Британија. Со други зборови, за постигнување на имунитет на стадото околу 40 милиони Британци мора да заболат од КОВИД 19.

Дали ова е правилна стратегија ќе покаже времето.До 19 Март бројот на заболени е 3260 и број на починати 144.

inovativnost.mk