Kaiser Marketing: Кризата нема да нé запре, нашата експанзија продолжува - Постојано сме во потрага по нови кандидати

Kaiser Marketing: Кризата нема да нé запре, нашата експанзија продолжува - Постојано сме во потрага по нови кандидати

27. 03. 2020.

„За нас отсекогаш приоритет биле нашите вработени и нивното здравје“

Заштитата од коронавирусот останува приоритет број еден на сите компании во светот. Има такви кои целосно затворија, има такви кои за жал отпуштаат работници, но има и одговорни компании кои од оваа ситуација ќе излезат само посилни и постабилни.

Таков позитивен пример е и Kaiser Marketing, млада компанија која нуди маркетинг услуги на германскиот пазар, во македонски услови.

„За нас отсекогаш приоритет биле нашите вработени и нивното здравје“ – велат тие. 

Ги прашавме како се справуваат во овие услови на криза и кои мерки ги превземаат: 

Справувањето со пандемијата беше голем предизивик за сите нас. Иако неочекувано, пристапивме многу проактивно во решавање на оваа ситуација. За нас отсекогаш приоритет биле нашите вработени и нивното здравје. Здравите, задоволни и заштитени вработени единствено можат да дадат врвна услуга на нашите клиенти во било кои услови.  

Не можевме целосно да прекинеме со работа и да се изолиравме, од причина што на нашите клиенти во Германија сме им потребни повеќе од било кога – и тие работат во кризни услови. 

Што превземавме?

Голем дел од нашите вработени (оние за кои технички е можно), работат од дома, со полн капацитет и перформанс на истото, високо ниво како и претходно. Останатите, работат од канцеларија, со адаптирано работно време, на пропишано растојание, со сите превземени мерки за заштита, согласно препораките на СЗО и Министерството за здравство. 

Постојано сме во контакт со сите, и со оние кои работат од дома, одржуваме состаноци, конференциски врски, се тече нормално и што е најважно, сите се безбедни.

Поддршка сме си едни на други во овие моменти и со нетрпение очекуваме да го соединиме тимот и наскоро (во април) сите заедно да прославиме успешна една година работење. Ова за нас е мотив, за една година успеавме да оформиме одличен тим, да имаме одлични резултати, многу задоволни клиенти и успешно да работиме во кризни услови.  

Кризата нема да нé запре. Нашата експанзија продолжува. Постојано сме во потрага по нови кандидати и нема да го направиме она што веројатно од многу компании се очекува, кратење на бројот на вработени. Напротив, вработуваме нови кандидати кои ќе се придружат на нашиот тим и заедно ќе освојуваме нови победи, а победата над оваа криза ќе биде една од нив! 
 
Останете безбедни,
Тимот на Kaiser Marketing 


СЛЕДИ ЈА КОМПАНИЈАТА И БИДИ ВО ТЕК СО СИТЕ НОВИ ОГЛАСИ