Прилепска компанија донира антибактериски перници и постелнини во инфективните одделенија во Скопје и Прилеп

Прилепска компанија донира антибактериски перници и постелнини во инфективните одделенија во Скопје и Прилеп

28. 03. 2020.

Секоја чест!

Прилепската компанија NEW AGE покажа дека е општествено одговорна компанија во овие тешки моменти и одлучи да донира антибактериски перници и постелнини во инфективните одделенија во Скопје и Прилеп.

Објавата на нивниот фејсбук профил гласеше:

Почитувани, ова е време кога е потребна солидарност и поддршка

Во борбата против вирусот “КОВИД-19“ не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општевство.

“New Age“ како општествено одговорна компанија одлучи да донира антибактериски перници и постелнини во инфеквитните одделенија во:

- Општа Болница Борка Талески - Прилеп

- Клинички Центар - Скопје

Нашата цел е да помогнеме на вистинските херои во моментов (медицинските лица) да имаат подобар и поквалитетен одмор, а пациентите побрзо и посигурно закрепнување. 

Вистинско време е за вистинскиот “ПРЕДИЗВИК“!

Се надеваме дека ќе успееме да мотивираме и останати компании да се приклучат на оваа иницијатива. Малите со мала, големите со голема помош, за на крај сите како победници да излеземе од оваа ситуација.

Дотогаш #седетедома, поминувајте прекрасни моменти со вашето семејство и верувајте дека ќе дојде многу подобро време за брзо.

Со љубов и почит Ваш “New Age“