Известување за пациентите во самоизолација

Известување за пациентите во самоизолација

03. 04. 2020.

Известување од Министерството за здравство

Почитувани,

Согласно Заклучоците на Комисијата за заразни болести содржани во записникот бр. 09-982/34 од 31.03.2020 година, Министерството за здравство ги известува сите лица кои поминале период од 14 дена во самоизолација (домашна изолација) и немаат симптоми дека не е потребно лабораториски да се тестираат.

Со почит,
Министерство за здравство