Успешно заврши државниот карантин за првите 160 македонски граѓани

Успешно заврши државниот карантин за првите 160 македонски граѓани

05. 04. 2020.

Лицата остануваат во домашен карантин уште 14 дена

Владата информира дека на 4.04.2020 успешно завршил државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно – здравствени услови во хотелот Ибис во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија.

Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми на вирусот КОВИД-19 и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите.