Чудни начини за справување со Короната низ светот

Чудни начини за справување со Короната низ светот

05. 04. 2020.

Забранети дезинфекциони средства, Забрането изговарање на зборот Корона, дозволено да се убиваат прекршителите на карантинот

Филипини

Kонтроверзниот претседател на Филипините, Родриго Дутерте, воведе драконски мерки - овластувајќи ја полицијата и војската да пукаат и да ги убиваат оние што ја нарушуваат самоизолација, прават проблем или, според проценките на полицијата, го загрозуваат здравјето на нив и на другите.

Според него, ова е најдобриот начин да се спречи непослушност. Но очигледно, полицијата и војската во сиромашните населби во Манила деновиве имаат друга работа затоа што луѓето се бунтувале  дека не се обезбедуваат храна, лекови и други најважни продукти  и дека се чувствува недостаток, па дури и глад во овие делови на градот

Туркменистан

Лидерот на Туркменистан Курбангули Бердимухамедов со титулата Аркадаг (Заштитник) прво го забрани користењето на терминот „корона“ во јавноста и ги натера во затвор сите оние што носат заштитни маски, но во последните денови наредија да се ревидира буџетот заради епидемијата, што не ја  признава. Тој ги натерал и  сите странци (што предизвика малку напнатост со Русија) да се тестираат, а потоа то им го наплатил.

Заштитникот  им наредил на своите граѓани кои патуваат низ земјата да имаат рендген снимка на белите дробови и крвен тест, не постар од неколку дена заедно  со личните документи. И жителите мораат да го дезинфицираат својот дом со степска колиба (гармала), сушен цвет што ќе се запали и потоа чадот ќе се разнесе низ сите простории.Не треба да се користат други средства за дезинфекција, ниту пак се достапни за бесплатна продажба. Треба да се напомене дека Туркменистанскиот претседател е автор неколку книги за локални билки.

Така е тоа во земјата каде ако изговорите корона плаќате казна

Грузија

Во Грузија пак е воведен поличиски час од 21 до 06. А ако го прекршите ви следува опомена за да ако следниот пат ве фатат ви следува казна од 1000 долари.

Таму иако с еобиделе не успеале да ги натераат свештениците кои и понатаму прават богослужби и масовно собирање на населението. Со оправдување дека Верата е се што им останува сега и дека не смеат да им ја скратат привилегијата на луѓето да веруваат во Бога кој може да ги спаси!