Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

13. 04. 2020.

Регулаторната комисија за енергетика со соопштение!

Во соопштението за јавноста стои:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,49 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 06.04.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од минатата недела од 45,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар и ќе изнесува 33,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг и ќе изнесува 20,106 ден/кг

Целото соопштение можете да го прочитате ТУКА.