Хонорарците во државните институции ќе земаат цел хонорар ако се невработени, а половина ако се вработени

Хонорарците во државните институции ќе земаат цел хонорар ако се невработени, а половина ако се вработени

14. 04. 2020.

За оние кои се вработени, а се ангажирани хонорарно во државна институција, ќе им се исплаќа половина сума од хонорарот, но не повисока од 30 000 денари.

Лицата кои се ангажирани како хонорарци во државните институции ќе добиваат цел хонорар доколку се невработени, додека оние кои се вработени, а се ангажирани хонорарно во институција ќе земаат половина од хонорарот.

Ова е регулирано со Уредба со законска сила која е донесена на денешната владина седница- Пишува 360 Степени

„Се утврдува дека на овие лица им се исплаќа целосен паричен надомест, за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31 декември 2020 година, доколку лицето со денот на влегувањето во сила на оваа Уредба не е евидентирано како пријавено вработено лице во Агенцијата за вработување“,

велат од Владата.

За оние кои се вработени, а се ангажирани хонорарно во државна институција, ќе им се исплаќа половина сума од хонорарот, но не повисока од 30 000 денари.

Ова се однесува на сите хонорарци ангажирани во: органите на државната власт (законодавна, извршна и судска), регулаторните тела, агенциите, државните комисии, правните лица во целосна или доминантна државна сопственот, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје и правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и градот Скопје.

Исклучот од Уредбата се хонорарците кои се ангажирани на проекти финансирани или кофинансирани со заеми од странски кредитори, од меѓународни донатори и финансиери.