Експертот Роман Шкут смета дека во следниот период најбарани кадри на пазарот на трудот ќе бидат експертите од областа на ИТ, додека правниците и економистите ќе бидат потиснати. Од друга страна, ќе расне потребата за некои занаетчиски професии како бравари и водоводџии.
Шкут не ја исклучува и можноста да настанат нови професии како резултат на пандемијата.
На пример, во областа на безбедност на храната. Веќе нема да бидат потребни само агрономи, туку и експерти кои ќе можат да го предвидат очекуваното количество на приноси, изјави тој за Росијскаја газета.
Експертот нагласи и дека сега е вистинското време за луѓето да почнат со онлајн обуки, да се запишат на курсеви и други тренинзи објавени на веб страните за вработување.

.jpg)