Кога пристигнал во неговиот стан и ја поставил комодата, ги отворил фиоките и сфатил што има внатре. Во нив имало семејни албуми од поранешниот сопственик, како и неколку коверти со повеќе од 25.000 евра.
Семејни албуми ајде, ама десетици илјади евра! Помислив дека се шегуваат со мене, ми продадоа комода па сега се шегуваат со мене со коверти што намерно ги ставиле таму. Еден беше делумно отворен па нежно го отворив и зедов една банкнота која ја ставив на светло – видов дека е вистинска бидејќи го имаше својот заштитен знак, вели 22-годишниот Петар Гавран за порталот 24sata.hr.
Во моментот не знаел што да направи па се јавил кај семејството од кого ја купил комодата, но тие воопшто не знаеле за парите затоа што станот бил наследен и започнале да ги продаваат работите што биле во него.
Сепак, Петар решил да биде чесен и им признал на сопствениците за она што го пронашол во фиоките, а тие го наградиле за неговата чесност.

.jpg)