Лицата кои ги чекаат резултатите од тестовите да бидат во самоизолација

Лицата кои ги чекаат резултатите од тестовите да бидат во самоизолација

19. 04. 2020.

Дополнително се разгледува мерката за излез на само еден член од семејството по набавки

Очигледно е дека после објавените позитивни резултатаи на градоначалникот на Куманово кој иако чекал резултати од тестот за КОВИД-19 продолжил со своите активности, вчера беше донесена одлука со која лицата кои се тестирани,додека ги чекаат резултатите да бидат во самоизолација

-Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на Владата да достави предлог – уредба со законска сила која правно ќе се нормира прашањето во однос на воведување на задолжителна самоизолација за сите граѓани кои вршат тестирања за COVID-19, најмалку до моментот на добивање на резултатот, согласно епидемиолошката анкета.

Министерството за информатичко општество и администрација да подготви и за наредната седница на Владата да достави протокол и анализа со која ќе се регурлира систем на набавка на прехранбени продукти и лекови, од страна на само  еден член од семејство/домаќинство.