155 лекови и 79 вакцини моментално на тест против Ковид-19

155 лекови и 79 вакцини моментално на тест против Ковид-19

21. 04. 2020.

Во светот се развиваат вкупно 155 лекови и 79 вакцини за борба против коронавирусот, соопшти австрискиот институт за медицинска технологија (АИХТА).

Институтот во Виена, кој е специјализиран за поддршка на научни одлуки во здравствениот сектор, откри дека во светот моментално се работи на 155 лекови и 79 вакцини за борба против новиот коронавирус.

Повеќето од 155-те лекови кои се во развој се веќе одобрени за лекување на други вирусни инфекции, а од 79-те кандидати за вакцина, ниту еден не ја фазата на развој.

Фармацевтските и биотехничките компании, универзитетски институти, истражувачки центри и клиники ширум светот инвестираат огромни средства во истражување и развој на лекови и вакцини против пандемијата.

Доктор Клаудија Валд, шеф на АИХТА заедно со нејзиниот тим идентификуваше вкупно 155 лекови кои биле тестирани за нивното дејствување против Сарс-КоВ-2 или Ковид-19 до овој момент.

Сите тие се базираат на еден или повеќе познати агенси, како што се Ремдесивир, Лопинавир и Ритонавир, Фавипивир, Дуранавир, Хлорикин Фосфат, Хидроксихлорокин, Камостат Мезилат, АПН01, Тоциликумаб, Сарилумаб и Интерферон бета 1а.

Бидејќи повеќето од овие лекови се веќе одобрени за други индикации, меѓународните регулатори нагласуваат дека се потребни силни докази за клучните студии, истакна Д-р Вајлд.

За да го поддржи ова тврдење, Европската агенција за лекови (ЕМА) формираше и своја работна група Ковид-19.

Сите 79 кандидати за вакцини идентификувани од страна на АИХТА се поделени во три видови на вакцини: живи вакцини – со ослабнати соеви на вирусот, мртви вакцини – со вирусни протеини и вакцини на база на гени – со специфична ДНК или мРНА.

Повеќето од овие проекти сè уште се во фаза на развој и сè уште не се одобрени. Единаесет лекови и осум кандидати за вакцини се истакнале во фазата на развој и се сметаат за особено ветувачки во стручната литература, посочува АИХТА.

Извештајот на АИХТА е важна помош при одлучувањето кога здравствените системи ќе треба да изберат најсоодветен лек или вакцина за Ковид-19.