За тоа како компанијата функционира во новите услови кои ги наметна вонредната состојба зборуваме со извршниот директор на НЕЛТ СТ, г-дин Зоран Стојчевски.
-Внимателно ги следиме и имплементираме сите мерки препорачани од здравствените власти за намалување на ширењето на вирусот. Обезбедена е заштитна опрема (маски, ракавици, средства за дезинфекција) за вработените, редовно се дезинфицираат возилата, се дезинфицираат и приватните и службените возила што влегуваат во кругот на команијата и се контролира движењето според препораките-Вели Стојчевски
Секако сите вработени кои спаѓаат во некоја од ризичните категории, веднаш по добивање на насоките од надлежните здравствени власти, престанаа да доаѓаат на работа.Дополнително направивме реорганизација на работењето. Сите оние чии работни обврски не мора да се одвиваат во деловните простории на компанијата веќе работат од дома со што се намали фрекфенцијата на движење и интеракција меѓу вработените. Го реорганизиравме работното време, за некои позиции според времетраењето на полицискиот час, за други во две смени со скратен број на часови на тој начин овозможувајќи минимизирање на ризикот но и непречено одвивање на работниот процес.
Сите простории се дезинфицираат меѓу двете работни смени, задолжително пред влез во Нелт се мери температура на секое лице и се дозволува влез во кругот на компанијата само на лица со заштитна опрема односно маска и ракавици.
-И наважно од се, додадава извршниот директор, е тоа што како компанија, чија главна дејност е дистрибуција и логистика, продолживме со континуирано и непречено одвивање на нашиот деловен процес што всушност е неопходно со оглед на интензивираната потреба од снабдување со намирници. Оттука сакаме да ги увериме сите потрошувачи дека доставата до продажните објекти е стабилна и постојана, а истовремено сме комплетно фокусирани на целосна заштита на нашите вработени.
Научивме да се поздравуваме со насмевка и да ја ограничиме интеракцијата само на она што е неопходно за непречено да тече работниот процес.
Стојчевски вели дека подеднакво се грижат и за соработниците со кои секојдневно се во контакт па како компанија обезбедиле 1700 визири кои се дистрибуирани до вработените низ продажните објекти кои ги снабдува Нелт. Со тоа ја шират идејата за заеднично добро и грижа за здравјето на најблиските соработници.При доставата, прва е насмевката за поздрав а потоа, предвидената дистанца со комплетната заштита и без групирање при течење на работниот процес.
Многу од компаниите се најдоа затекнати и тешко им одеше прилагодувањето и реорганизирањето на компанијата Како Вие ја донесовте одлуката (имавте ли како компанија однапред подготвена стратегија за дејство во вонредна состојба или тоа го направивте сега)?
-Ние сме дел од групација која на корпорациско ниво има подготвени планови за справување со кризни ситуации во работењето, но факт е дека пандемијата на ковид 19 е криза што никој не можеше да ја предвиди ниту да подготви сценарија за одговор. Сепак сметам дека подготвено реагиравме и брзо ги имплементиравме и континуирано ги ажурираме сите препораки и мерки за заштита на здравјето на вработените во согласност со мерките што ги носат Министерството за здравство и Владата. Постојано сме во комуникација со надлежните органи, со кои се консултираме пред да донесеме било каква одлука во оваа вонредна состојба. Секогаш на прво место е заштитата на здравјето на нашите вработени при носење на овие одлуки.
Во вакви ситуации дополнително целиот процес може да го отежне и стравот и незвесноста но и паниката кај вработените за тоа Стојчевски вели дека -Најголемиот предизвик е да се остане смирен и прибран во ваква ситација
-Сите различно реагираме на ограничувањата, постои и страв и паника и загриженост и сето тоа треба да го канализираме настојувајќи притоа да ја понесеме и исполниме одговорноста за снабдување на населението и да им овозможиме сигурност дека во едно вакво несигурно време барем производите што им се неопходни ќе можат да ги најдат на полиците во маркетите.-Вели Стојчевски- Веројатно најголемиот предизвик е да се остане смирен и прибран во една ваква стресна ситуација која сите нѐ притиска.
Отворено и транспаренто информирање со информации од проверен извор е она што делува смирувачки.
-Во својата организациска култура Нелт има корпоративни вредности кои се негуваат дури и во вакви специфични моменти. Грижата за луѓето, личната одговорност и победничкиот менталитет на секој поединец во Нелт сега доаѓаат до израз. Настојувам постојано да ги информирам вработените за развојот на ситуацијата и за импликациите во работењето. Сметам дека отворено и транспаренто информирање со информации од проверен извор е она што делува смирувачки. Освен максимална поддршка во секој облик вработените секојдневно ја чувствуваат и благодарноста, на сите кои остануваат во своите домови, за вложениот напор да се обезбеди континуирана и стабилна дистибуција на производи и во услови кои го отежнуваат процесот.
На крајот Извршиот Директор на на НЕЛТ СТ, г-дин Зоран Стојчевски заклучува дека ова време е можност да се покаже одговорноста но и солидарноста на секој поединец и секоја компанија
- Сметам дека ова е време на солидарност и заедништво кои ни даваат утеха и надеж. Токму затоа Нелт донираше 20 000 евра, уплатени на посебната донаторска сметка што ја отвори Министерството за здравство, со цел да ја искажеме благодарноста кон здравствените работници и да помогнеме во нивните напори за зачувување на здравјето на сите.
-Сакам од името на сите нас во Нелт, да им се заблагодарам на сите кои донесоа одговорна одлука и остануваат дома за да го спречат ширењето на вирусот и да помогнат што побрзо да заврши кризата за сите.

.jpg)