Вчера чистачка вработена во општината на градот Атина во Грција, пронашла торба со 19.000 евра и ја доставила на полицијата.
Оваа информација лично ја сподели на својот фејсбук профил градоначалникот на Атина Костас Бакојани
Градоначалникот Бакојани, лично посакал да се сретне со вработената за да и честита
„И упатувам голема благодарност на Евангелија, не за торбата, туку за испраќање на важна порака до сите: Дека треба да се држиме до достоинството, хуманоста и взаемното почитување затоа што тие се клучни за подобро општество“, напиша Бакојани во објавата на својот профил на Фејсбук
Пофалби и честитки и пристигнуваат на Евангелија од сите страни но има и такви кои негодуваат.
Не е познато дали Евангелија е парчино наградена.
