Во оваа земја плаќањето во готовина ќе стане минато до 2023 година

Во оваа земја плаќањето во готовина ќе стане минато до 2023 година

24. 04. 2020.

Парите какви што ги познаваме наскоро од банките и паричниците може да се префрлат во музеите, бидејќи светот се доближува до моментот кога ќе стане безготовинско општетсво.

Парите какви што ги познаваме наскоро од банките и паричниците може да се префрлат во музеите, бидејќи светот се доближува до моментот кога ќе стане безготовинско општетсво. Експертите велат дека ова е процес кој не може да се сопре и прашање на време е кога ќе се случи, односно кога картичките и мобилните апликации ќе станат единственото платежно средство.

Секако тоа ќе се случи многу побрзо отколку што многумина мислат, во некои држави дури и во следните неколку години. Прва држава која би можела да ги исфрли од употреба парите е Шведска, каде што се предвидува дека тоа би можело да се случи веќе во 2023 година.

Насекаде во светот граѓаните сè помалку користат пари, а пандемијата со коронавирусот може дополнително да го забрза процесот на еволуција на парите.

Во Шведска, околу 80% од граѓаните сега користат картички, а 58% од сите плаќања се вршат со картичка, за разлика од само 6% готовинско плаќање.

Многу Швеѓани не носат готовина заради сеприсутноста на елекстронските средства за плаќање во земјата. Дури и децата над 6 години во Шведска плаќаат со картичка.

Експертите ширум светот ја следат Шведска која е позната по своите иновации, за да можат да ги применат истите мерки во своите држави.

Добрата работа е што на овој начин и се задава голем удар на сивата економија и криминалот зашто на овој начин на плаќање не може да се избегне плаќањето на данок. Негативната страна е што власта се стекнува со полна контрола врз граѓаните, а компаниите можат да ги следат нивните потрошувачки навики и истите да ги користат во комерцијални цели.

Исто така, познато е дека луѓето трошат многу повеќе кога плаќаат со картичка или преку мобилна апликација, отколку кога плаѓаат во кеш.

извор: popara.mk