Во 8 македонски градови и натаму нема коронавирус!

Во 8 македонски градови и натаму нема коронавирус!

24. 04. 2020.

Министерот за здравство Венко Филипче денес информираше за најновите податоци за состојбата со коронавируост во земјава.

Во текот на изминатот деноноќие, направени биле 408 тестирања со кои кај 26 пациенти е регистрирано присуство на коронавирус. Со тоа, вкупната бројка на заболени во Македонија се искачи на 1.326.

На инфективна клиника се шест пациенти на респиратор и исто толку се наоѓаат во болницата 8-септември.

Според податоците објавени на сајтот на Институтот за јавно здравје, досега коронавирусот е регистриран во дури 26 македонски градови.

Ковид-19 и натаму не е регистриран во осум македонски градови, меѓу кои: Берово, Богданци, Делчево, Демир Капија, Кратово, Македонска Каменица, Ресен и Свети Николе.