Стотици протестираа во Берлин и Штутгарт против губењето на правата и слободaта поради рестриктивните мерки воведени за борба против новиот коронавирус, јавуваат Ројтерс и ДПА.
Околу 1.000 луѓе протестираа во Берлин против ограничувањата на владата, и покрај забраната за демонстрации. Луѓето викаа „Го сакам животот назад“ и држеа транспаренти со ознака „Заштитете ги уставните права“, „Слободата не е сè, но без слобода сè не е ништо“
Демонстрантите им поделија копии на весникот „Демократски отпор“, во кој се вели дека новиот коронавирус е обид за заземање на власта со ширење страв. 127 лекари од целиот свет се наведени како предизвик за потребата од строги рестриктивни мерки, пренесува БТА.
Полицијата постојано ги повикуваше демонстрантите да се разотидат. Уапсени се повеќе од 100 лица, соопшти полицијата на Твитер. Демонстрантите постепено се разотидуваат
Тоа беше четврт ваков саботен протест во Берлин.
Во Штутгарт, меѓу 300 и 350 луѓе протестираа против губењето на правото на слободно движење. Тоа беше трета ваква демонстрација во Штутгарт. Првично, општината го забрани протестот, но нејзината одлука беше поништена од федералниот уставен суд.
На почетокот од овој месец, Уставниот суд донесе пресуда дека луѓето имаат право да организираат протести сè додека ги следат правилата за социјална дистанца. На судот му пристапија про-демократски активисти кои веруваат дека карантинските мерки ја нарушуваат слободата на собирање.
