Турција ќе ги сертифицира туристичките дестинации без коронавирус, објави „Дејли њуз Хуриет“, повикувајќи се на изјава на министерот за култура и туризам.
Според иницијативата на турската влада, сертификати за зона без коронавирус ќе бидат издадени на туристички места и одморалишта.
„Процесот на сертификација веќе започна да ги идентификува овие области“, рече Мехмет Нури Ерсој за една приватната телевизија.
Министерот рече дека Турција првично ќе развие меѓународно прифатен систем за сертификација. Во комисијата ќе бидат вклучени и претставници на министерствата за здравство, транспорт и земјоделство кои ќе издаваат сертификати. Таа веќе ја одржа својата прва средба минатата недела под координација на Министерството за култура и туризам.
Турскиот туризам ќе ја започне новата сезона кон средината на мај a Tуркиш Еарлајнс својте летови ги почнуваат на 20 мај
Комитетот ќе вклучува и невладини организации, при што системот за сертификација се очекува да заврши брзо, веројатно во првата недела од мај. „Ние ќе продолжиме да го организираме приемот на ваквите сертификати од туристичките комплекси до крајот на мај“, рече Ерсој.
Министерот за туризам изрази очекување дека домашниот туристички сообраќај ќе продолжи во јуни по олабавување на мерките за нормализација на пандемијата до средината на мај.
