Кој ќе мора да се вакцинира против Корона, кога вакцината ќе стане достапна

Кој ќе мора да се вакцинира против Корона, кога вакцината ќе стане достапна

28. 04. 2020.

Експертите во Србија се едногласни дека за вакцината против вирусот COVID-19 (ако воопшто може да се направи) сигурно ќе треба да почекаме уште најмалку една година.

Српскиот епидемиолог Предраг Кон објаснува кој треба да се вакцинира, односно дали вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите:

"Не треба секој да се вакцинира. Проценката ќе се направи кога вакцината ќе биде достапна, врз основа на состојбата на имунитетот и  истражување. Но, вакцината ќе биде достапна дури за една година, во најдобар случај. Можеби ќе биде достапна и порано - за некои, но не и за нас. Скептичен сум дека ќе ја имаме порадно од една година“, вели епидемиологот Кон.

Тој додаде дека вакцинацијата најпрво ќе се врши на најранливите категории - постарите и хроничните пациенти.

"За другите, тоа ќе зависи од планираните патувања. Верувам дека тука ќе има некои обврски и тоа на меѓународно ниво. Ние како земја ќе имаме право да бараме оние што доаѓаат да бидат вакцинирани или да имаат направено соодветни тестови", вели Кон.

извор: mondo.rs