Заштитната маска за една употреба не смее да се користи повеќе пати, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Во препораките за правилно ставање, носење и вадење на маската, кои тој ги објави, се посочува дека таа треба да се прилагоди да биде прилепена за лицето, целосно да се покрие устата и носот, не треба да се допира со нечисти раце, а при вадењето не треба да се допира нејзиниот преден дел, туку тоа треба да се направи со помош на задните ластици. Пред да се стави и откако ќе се извади маската рацете треба да се измијат, нагласува министерот Филипче на својот ФБ профил.
