Забрана за мобилни телефони во кафичите и рестораните: Еве што (ќе) се подразбира под построги мерки за угостителите

Забрана за мобилни телефони во кафичите и рестораните: Еве што (ќе) се подразбира под построги мерки за угостителите

29. 04. 2020.

Здружението на угостители објави водич со низа заштитни мерки кои ќе им помогнат на сопственците на кафулиња и ресторани кога повторнo ќе отворат.

Здружението на угостители објави водич со низа заштитни мерки кои ќе им помогнат на сопственците на кафулиња и ресторани кога повторнo ќе отворат. Мерките вклучувaaт и забрана за мобилни телефони и пауза за пушење цигари.

- Пред да се отворат вратите, потребни е темелно чистење и дезинфекција на просториите. Покрај тоа, се предлага да се измени гастрономската понуда и дневниот распоред за сервирање. Локалот ќе треба да има редовни снабдувачи на заштитни маски, нараквици, средства за дезинфекција и паравани за маси кои веројатно ќе бидат инсталирани заради заштита, стои во Водичот за угостители.

Во однос на плаќањето, ќе се користат само картички.

- Персоналот ќе мора да носи работна облека и чевли на работа, постојатно да мијат раце, да носат маски, а униформата мора да биде чиста. Забрането е излегување на пауза за цигара во униформа и не е дозволено користење на мобилни телефони за време на работното време заради можно пренесување на вирусот – пишува во водичот.

Исто така, по приемот на нарачката и пред да се послужат гостите, лименките и шишињата ќе мора да се дезинфицираат, а столовите да бидат на растојание од 1 и пол метар.

- Рестораните за брза храна ќе треба да инсталираат пластични паравани на масите за одделување на гостите. Кога станува збор за шведските маси, храната задолжително треба да биде заштитена, а приборот за јадење го обезбедува персоналот – се само дел од мерките пропишани од Здружението на угостители.