Меѓу позначајните чекори кои придонесоа за оваа награда од компанијата, директорот Олег Телној ги посочи неколкуте значајни чекори кои ги презеде рудникот во време на пандемија од Ковид-19.
Ги зголемивме платите на вработените за пет проценти, исплативме премија на вработените, воведовме дополнителни мерки и протоколи за БЗР поврзани со коронавирусот, а исто така дониравме 125 илјади евра за борба против Ковид-19. Покрај ова, Рудник „Саса" продолжува со силната и веќе докажаната општествена одговорност, истакна Телној по повод добивањето на наградата.
Компанијата, додаде тој, ќе продолжи да биде главен двигател на локалната економија во Македонска Каменица, но и главен покровител на речиси сите спортски клубови, културни настани и манифестации, социјални активности, а и сериозен поддржувач на образованието, здравството и невладиниот сектор.
Пред две недели, покрај редовните плати на вработените, рудникот САСА им исплати и тримесечен бонус.

.jpg)