Централната климатизација  го олеснува ширењето на  вирусот

Централната климатизација го олеснува ширењето на вирусот

07. 05. 2020.

Бидејки нема проветрување туку само циркулирање на истиот воздух забележано дека овие капки може да се одржат во воздух подолго во вакви услови.

После укинувањето на Вонредната состојба во Србија Д-р Дарија Кисиќ Тепавшевиќ која е дел од тамошниот кризен штаб за справување со КОВИД-19 во едно гостување на национала телевизија зборуваше за тоа како треба да се однесуваат граѓаните но се осврна и на нешто многу важно.Зошто треба да се избегнуваат трговските центри.

Општите мерки, како што се миењето на рацете и социјалното растојание, сè уште се многу важни.

 - Сега секој треба да направи свои правила, проценки на ризик. Сега знаеме што работи, што спасува животи, а потоа постапуваме соодветно. Ние сме во период од годината кога воопшто има помалку и помалку инфекции кои се пренесуваат по капков пат. Одиме во сезоната на цревни заразни заболувања, векторски заболувања а инфекции кои се пренесуваат со капки се враќаат во есен и зима, но не знаеме дали ќе се појави вирусот корона. Тоа сигурно нема да биде во ваква форма, но сега сигурно сме подготвени за тоа и од аспект на знаење, како можеме да го спречиме и третираме - потенцира таа.

Таа рече дека не се очекуваат изненадувања во наредниот период но не треба да одиме во трговски центри како порано- само за да одиме и се осврна и на ширењето на вирусот со вклучување климатизери.

- Во трговските центри не се препорачува да се вклучи централниот климатизација затоа што е забележано дека овие капки може да се одржат во воздух подолго во вакви услови. Меѓутоа, кога сме дома, тоа е ограничено домаќинство каде постојано сме во  сме во близок контакт меѓусебно . И климата не е изворот на пренесување на инфекцијата “, објасни таа.

Таа потсети дека е неопходно да  се има близок контакт со лицето кое е резервоар на инфекција и дека тој контакт треба да  трае најмалку 15 минути, за да може да се заразиме.

- Сега кога времето е топло, вирусот паѓа на земја побрзо и неговата активност ослабе- Заклучи докторката  Дарија Кисиќ Тепавшевиќ,која е дел од кризниот штаб на борба со КОВИД-19 во Србија