Полицискиот час ќе се задржи уште две недели, на кафе ќе можеме од понеделник

Полицискиот час ќе се задржи уште две недели, на кафе ќе можеме од понеделник

12. 05. 2020.

Информациите се засега неофицијални, а Комисијата се очекува да ги објави утре.

Полицискиот час да биде на сила уште две недели до 23 мај, но од следната недела да почнува од 21 часот предлага Комисијата за заразни болести до владата, дознава Слободен печат.

Ограничувањето на движењето неделава да остане исто како и досега, но од следната недела полицискиот час да почне од 21 часот.

Кафулињата и рестораните да се отворат од понеделник 18 мај и тоа само летните тераси а пијалоците да се служат во чаши за еднократна употреба.

Информациите се засега неофицијални, а Комисијата се очекува да ги објави утре.

Трговските центри и кафеаните да работат од 10 до 18 часот освен во недела, со посебен протокол. Пробувањето на облека во трговските центри ќе биде забрането.